Eве зошто од првата утринска цигара најчесто се добива рак

Cigarete-620x350

Утринското пушење се дефинира како палење цигара во првите 30 минути после будењето, а оваа навика го зголемува ризикот за рак на белите дробови за 79%  во споредба со палењето цигара после еден час од будењето.

Личностите кои веднаш наутро после будење палат цигара имаат зголемен ризик од неколку смртоносни болести. Поради тоа размислете уште еднаш пред да го повлечете првиот утрински дим.

 

Pusenje

Овие “рани” пушачи исто така имаат и 59% поголем ризик за развивање на тумори или рак на вратот.

Точниот причинител на ваквото зголемување сеуште не е познат, но истражувачите сметаат дека главната причина се крие во тоа што кај луѓето кои истовремено после будење палат цигара се зголемува и зависноста.

А.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.