Двајцата извонредни фудбалери го одиграа последниот меч во кариерата.
Последното коло во Бундес лигата за сезоната 2016/2017 ќе биде запомнето по прославата на шампионската титула на фудбалерите на Баерн Минхен, но подеднакво ист ќе остане впечатокот и на збогувањето со професионалниот фудбал на едни од најдобрите играчи на Баерн, Филип Лап (33) и Чаби Алонсо (35).
Германецот и Шпанецот се испратени во пензија како што доликува, на величенствен начин, со букети и песна, од навивачите и од клубот, кои им приредија опростување за паметење.
Двајцата беа во првиот тим против Фрајбург, за пред крајот на мечот, едениот па другиот, во период од неколку минути да го напуштат мечот со овации на целата “Алианц Арена”.
За какви играчи се работи, најдобро говорат бројот на трофеи кои ги освоиле во својата кариера – 39 на број!
Двајцата беа светски шампони со своите репрезентации, освојувачи на Лигата на шампиони…
А.Г.