EПСКА БИТКА КАЈ АЛЕПО: Вака изгледаат 10.000 борци, 95 тенкови и десетина бомбаши самоубици – ВИДЕО

На подрачјето на сирискиот град Апело, каде противниците на Башар ал Асад тргнаа во офанзива, се одвиваат жестоки борби, јавува Би-Би-Си.

Sirijska_vojska_SANA_01

Противниците на Асад за време на изминатиот викенд започнаа офанзива за поврзување на подрачјето на Алепо и територијата на запад која ја држат под контрола, па така активираа голема експлозија во тунелот под позициите на војската во стратешки важниот округ Рамусех.

Еден од командантите за Ројтерс рекол: “Ние сега го контролираме подрачјето на Рамусех, но руските авиони ги интензивираа нападите, што не спречува да напредуваме”.

Друг воен извор соопштува дека во епската битка за Алепо учевствуаат околу 10.000 борци, најмалку 95 тенкови и повеќе стотици ракенти фрлачи.

Тој извор исто така соопштува дека и десетина бомбаши самоубици се подготвени со воени возила, полни со експлозиви, да се залетаат во позициите на сириската војска.

За сега сириската војска ги одбива нападите со помош на воздушните удари на руските авиони, кои имаат за цел да ја спречат ваквата офанзива.

Ова се само дел од снимките од воените судири во Алепо:

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.