Eкономијата и образованието во фокус на меѓународната конференција ICON BEST 2024

Науката ги има одговорите на глобалните предизвици, нејзино е да ги сподели со политичарите и со Владите, а тие треба да слушаат!
Ова е една од пораките на академската фела на меѓународната конференција ICON BEST 2024 која денеска се одржа на Универзитетот Скопје.
Меѓу говорниците на овој престижен настан се докажани професионалци од регионот и од Европа, меѓу нив и проф.д-р Горан Бандов, г-дин Луј Башур, како и проф.д-р Зоран Ивановски, Проректор за наука и развој на Универзитет Скопје.

,,Во повеќе од 9 сесии посветени на економијата, претприемништвото, дигитализацијата, маркетингот и човечките ресурси, истакнати домашни и меѓународни експерти и универзитетски професори ги изложија своите иновативни истражувања и резултати” порача Проректорот Ивановски.
Денеска знаеме и треба да градиме образование за 21-от век, смета академската заедница.

,,Светот се соочува со глобални проблеми. На оваа конференција науката ќе го даде својот придонес за нивното надминување за да го поттикне глобалниот развој” рече проф. д-р Горан Бандов од Хрватска.

Според глобалните истражувањата се очекува во 2027 повеќе од 30% од работните места да бидат заменети со машини и токму затоа неопходно е партнерството меѓу образовните и бизнис институции.

,,Најважно во една држава е градењето на партнерство меѓу образовните институции и бизнис секторот, бидејќи на тој начин се гради едно стабилно општество, со сигурна иднина” истакна проф. д-р Миглена Темелкова, Ректорот на Универзитет за телекомуникации и пошти во Софија.

УТМС како високообразовна, научна и општествена одговорна институција на заеднички настан донесе реномирани професори кои ги споделија своите академски искуства!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.