Децата се наша иднина, а многудетните семејства се вистинскиот пат за напредок на општеството и средината во која живееме.
Така наречената “бела чума” е најголемиот непријател на денешното општество, не само во Македонија, туку и во светот.
Се поголем број на новоформирани семејства се решаваат за едно или најмногу две деца, а некои ниту за едно. Причините за тоа некогаш не се само финансиски. Денешните млади често поради обврски или желба за лесен живот без обврски и следење на западната мода, “прво да прошетаме”, не се решаваат за многудетни семејства.
Во програмата на Марјан Ристески, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, предвиден е проект за доделување на еднократна парична помош на семејства кои имаат принова и живеат на територијата на општина Прилеп.
Со овој проект се предвидува идниот совет на општина Прилеп да донесе одлука со која ќе се доделуваат вакви еднократни парични средства со цел да им излезе во пресрет на семејствата за нивните потреби кои доаѓаат со новороденчето.
Ова е навистина одличен проект, кој може да значи значително зголемување на наталитетот во општината.
Aлександар Г.