Maјка од Стразбур роди пет женски и едно машко бебе после 24 недели и 6 дена бременост.
Бебињата се родени во болницата “Hautepierre” и според лекарите ова е еден многу редок случај.
Бебињата биле породени со царски рез, а нивната тежина е помеѓу 630 и 730 грама, што ги прави многу paнливи. Tие се хоспитализирани и ќе поминат долго време во болница, пишуваат француските медиуми.
Мајката која на свет донесе 6 бебиња има уште две други деца.
Пред една година, 29-годишна Полјакиња, мајка на едно дете, роди исто така шест бебиња во Краков. Полските лекари тогаш истакнаа дека раѓањето на шесторка се случува во светот еднаш на 4,7 милијарди породувања.