Oд полицискиот билтен на МВР:
-На 24.12.2025 во 13:50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Т.Д.(39) од Прилеп. При сообраќајна контрола на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп е сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,58 промили алкохол во крвта.
-На 25.12.2025 во 01:40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.П.(40) од с. Веселчани, прилепско. При сообраќајна контрола на ул.„Пере Тошев“ во Прилеп е сопрено патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,53 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ – информираат од МВР.
























