Денеска на Илинден автобуси од цела Македонија пристигнаа во Крушево. Иако дел од нив кажуваа дека спонтано се организирале, дел па пред камерата на “Инфомакс” кажаа дека организатор на превозот била владеачката СДСМ.
На присутните им се делеа капчиња и знамиња на Европската Унија, иако нема некоја поврзаност на ЕУ со денешниот голем христијански и историски празник за Македонците.
Сепак, европските знамиња добро им се најдоа на донесените граѓани, кои ги искористија за подлегнување и одмор.