Eве што е разликата помеѓу кризна и вонредна состојба и колку долго може да трае

Деновиве во Македонија најпомнувани термини се кризна и вонредна состојба. Кризна веќе постои во делот на Дебар, а денеска Владата побара прогласување на вонредна состојба на целата територија.

Но, малкумина знаат што е кризна, а што вонредна сотојба и во што е разликата.

Кризната состојба не може да трае подолго од 30 дена, а доколку има потреба да се продолжи владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот.Но во нашиот случај тоа е проблем бидејќи Собранието е распуштено поради изборите кои требаше да се одржат на 12 април.

Вонредната состојба е покомплексна ситуација. Со прогласот може да се суспендираат одредени вообичаени функции на владата, може да се предупредат граѓаните да го сменат своето вообичаено однесување, или може да се овластат владини агенции да спроведат планови за подготвеност за опасност, како и да се ограничат или укинат граѓанските слободи и човекови права.

Потребата да се прогласува вонредна состојба може да произлезе од различни ситуации како што е вооружена акција против државата од страна на внатрешни или надворешни елементи, природна непогода, граѓански немир, епидемија како во случајот кај нас, финансиска или економска криза или генерален штрајк.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.