По промената на директорската позиција во ЈОУДГ “Наша Иднина“ Прилеп, каде на местото на досегашната директорка Христина Трпческа, именувана е Билјана Петкоска, поместување ќе има и во Советот на општина Прилеп.
Имено, Петкоска беше советник во Советот на општината, а во советничкото столче седна по минатогодишните локални избори, каде на листата на ВМРО-ДПМНЕ беше на високото четврто место.
Со нејзиното именување за директор во детски градинки “Наша иднина”, нејзиното место ќе го наследи Мејди Садикоски, вработен во подрачната единица на Министерствотоза земјоделство, шумарство и водостопанство во Прилеп.
Ова е прво поместување во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по локалните избори, која во Советот брои 17 советници.


























