Општина Прилеп ја објави листата на баратели кои го оствариле правото на субвенционирање за набавка на грејно тело инвертер и купување на велосипеди.
Врз основа на предлогот на Комисиите за спроведување на постапка за субвенционирање / надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на ГРЕЈНО ТЕЛО СО ИНВЕРТЕР и купување ВЕЛОСИПЕДИ за 2021 година, а во согласност со Јавниот повик од 2021 година, „Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање / надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејно тело со инвертер за 2021 година“ со број 09-595/33 од 15.03.2021 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3/2021) и Одлука за измена и дополнување на Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција / надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на грејни тела со инвертер за 2021 година како и „Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање / надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди“ со број 09-595/31 од 15.03.2021 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3/2021), и Одлука за измена и дополнување на Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2021 година донесена на 58-та седница на Совет на Општина Прилеп на ден 29.06.2021 година, Општина Прилеп објавува Финална листа на баратели кои го остваруваат правото на субвенционирање / надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за набавка на ГРЕЈНО ТЕЛО СО ИНВЕРТЕР и купување ВЕЛОСИПЕДИ за 2021 година.
Баратели кои ги исполнуваат условите за субвенција – ГРЕЈНИ ТЕЛА СО ИНВЕРТЕР
Баратели кои ги исполнуваат условите за субвенција – ВЕЛОСИПЕДИ