Денеска во општина Прилеп се регистрирани 4 нови случаи на лица инфицирани со коронавирусот, со што вкупниот број се искачи на 50. Во самоизолација се наоѓаат 159 лица, а изминатата ноќ едно лице не го почитувало полицискиот час и против него е поднесена соодветна пријава.
Земјоделците од општина Прилеп кои имаа пријавено штети настанати како последица од невремето во 2018 и 2019 година, денеска ги добија своите пари. Имено, Општина Прилеп денеска на 1.444 лица им ги исплати предвидените
средства во висина од 39 милиони денари.
Сервисни информации за работата на маркетите, аптеките и волонтерската служба на Општина Прилеп, за време на забраната на движење во Прилеп во сабота и недела, 11 и 12 април:
Дежурни маркети:
„ФУТУРА“………………………..тел:075 395 408
„СТИБЕРА“………………………тел:076 741 572
„ИРНЕКС“………………………..тел:075 308 683
„ТИНЕКС“………………………..тел:071 275 684
„БОНИТА“……………………….тел:070 353 609
„ЏИМИ МАРКЕТ“……………..тел:076 790 772
„МЕГА МАРКЕТ ПАТА“…….тел:070 259 199
Работното време на маркетите е од 07.00 до 15.00 часот, доставата на нарачаната роба маркетите ја вршат со сопствен превоз.
Дежурна аптека: „Каракаш 2“…………………….тел:072 573 175
Работното време на аптеката е 24 часа
Волонтерска служба на Општина Прилеп:
Контакт телефони: 048/401-700 и 0800 00 210
Во деновите од викендот, сабота и недела, волонтерската служба на Општина Прилеп ќе биде достапна 24 часа, исклучиво за доставување на лекарства.