Лубеницата е нискокалорично овошје, богато со хранливи состојки, но има висок гликемиски состав и многу вода. Помага за намалување на килограмите и за детоксикација. Го чисти организмот за 6-10 дена. Сепак, иако е намирница за брзо слабеење, не треба да се претерува со исфрлањето на други намирници.
Лубеницата помога во губењето на тежината, бидејќи дава чувство на ситост и поволно делува на дигестијата. Содржи природна блажина и ја ублажува потребата за чоколадо или сладолед.
Богатството влакна спречуваат прејадување. Има малку калории, но со висок гликемиски индекс.
Лубеницата мора да ја комбинираат со намирници кои имаат малку шеќер како јаткасти плодови, цреши, црн леб, леќа, јаболка.
Не мора да биде во ист оброк, но треба да се комбинира за да се анулира високиот индекс на шеќерот. Со парче лубеница се намалува оброкот. Се губат килограмите, бидејќи се одржува ситоста.
Сепак, единствениот и долгорочен начин за слабеење е промена на навиките на исхрана.