Утринското пушење се дефинира како палење цигара во првите 30 минути после будењето, а оваа навика го зголемува ризикот за рак на белите дробови за 79% во споредба со палењето цигара после еден час од будењето.
Личностите кои веднаш наутро после будење палат цигара имаат зголемен ризик од неколку смртоносни болести. Поради тоа размислете уште еднаш пред да го повлечете првиот утрински дим.
Овие “рани” пушачи исто така имаат и 59% поголем ризик за развивање на тумори или рак на вратот.
Точниот причинител на ваквото зголемување сеуште не е познат, но истражувачите сметаат дека главната причина се крие во тоа што кај луѓето кои истовремено после будење палат цигара се зголемува и зависноста.
А.Г.