Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска на својот „Твитер“-профил објави дека Европското првенство е завршено за капитенот на Македонија, Кире Лазаров поради повреда.
Нашиот репрезентативец вчера се повреди во 11-тата минута од натпреварот против Шпанија во рамки на 1.коло од Групата 2 од главната фаза на континенталниот турнир. Лазаров незгодно доскокна по едно додавање кон Гоце Георгиевски и веднаш се фати за задната ложа на десната нога.
Тој веднаш го напушти натпреварот и не се врати во игра.Дали е точен изворот на ЕХФ дека првенството за Лазаров е завршено, не знаеме. Се чека официјална официјална информација од таборот на македонската ракометна репрезентација откако ќе бидат извршени детални прегледи на повредата.
It was not a great night for injuries in Varazdin. Both ??@LazarovKiril7 and ??@PaulDrux are out for the rest of the #ehfeuro2018. We hope to see them both back on court soon! @DHB_Teams pic.twitter.com/xU8NRpNSOS
— EHF EURO (@EHFEURO) January 22, 2018