EЛЕКТРОМАГНЕТЕН ТОП: Се појавија фотографии од новото кинеско оружје (ФОТО)

Фотографиите кои минатата недела ги објави кинескиот твитерџија по име Дафенг Цао покажуваат дека оваа азиска сила тестира бродски електромагнетен топ.

Електромагнетниот топ е експериментално оружје од новата генерација кое користи електромагнетна сила преку која со голема брзина испалува проектили.

САД веќе се откажаа од сопствениот електромагнетен топ после потрошени 500 милијарди долари. Нивниот топ достигна брзина на проектилите од околу 7.800 км на час и домет од 150 км.

Меѓутоа, се чини дека кинескиот проект се покажал како поуспешен. Дафенг Цао, кој себе си се опишува како “набљудувач на кинеската армија”, но и другу твитерџии кои го следат развојот на кинеските воени капацитети, забележале масовен, досега невиден електромагнетен топ инсталиран на воениот брод Хаиуанг Шан.

Дафенг и останатите корисници идентификувале контејнери на бродот позади топот како можна електрична станица која го снабдува топот со електрично полнење.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.