CДCM се пофали: 400.000 гpaѓани добиваат по 232 денари месечно со скенирање сметки

„Ги враќаме парите назад кај граѓаните, преку Мој ДДВ вратени над 36 милиони евра кон околу 400.000 граѓани за две години Со СДСМ враќањето на парите кај граѓаните е реалност, животниот стандард и достоинството постојано се зголемува, а домашните компании добиваат помош и поддршка. Со СДСМ довербата кај граѓаните во институциите се враќа, бидејќи ние се бориме против сивата економија. Управата за јавни приходи преку проектот Мој ДДВ, како дел од ДДВ искажано во фискални сметки, во изминатитве две години на 399.000 корисници им исплати над две милијарди денари, односно 36,3 милиони евра.“.

Вака изгледа соопштението кое го објавија од СДСМ . Бројките ако ги гледате во целост изгледаат како многу пари, но ајде да ја направиме математиката.

36,3 милиони евра поделени на 400.000 граѓани даваат податок дека секој од тие граѓани за две години инкасирал 90,75 евра.

Две години имаат 24 месеци. 90,75 евра поделени на 24 месеци даваат податок дека секој еден човек од овие 400.000 граѓани кои скенирал сметки месечно добивал сума од 3,78 евра или нешто повеќе од 232 денари.

Извор: “Прес24”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.