Големите парламентарни политички парии имаат постигнато договор за отворени листи на локалните избори, откри денеска премиерот Зоран Заев.
Тој потенцираше дека истото не е официјализирано, но треба истото да се продискутира и со помалите партии.
– Се работи за отворени листи на кои ќе се гласа за листата со една преференца. Притоа, предлогот е да има праг од 3 проценти. Кога би биле 16.000 избирачи, 3% е околу 500 гласови, што би го качило кандидатот погоре на листата.
Додаде дека малите партии имаат резерва за предлогот бидејќи го сметаат како неправеден.
– Треба да се види дека правиме демократски исчекор и го поздравувам потегот што ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа предлогот, истакна Заев, додавајќи дека според него истиот ќе ја унапреди демократијата.