Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска преку статус на Фејсбук пишува дека со СДСМ, не само сега со оваа најнеспособна и најкриминална власт, туку и во минатото, Македонија за капитален проект не знае!
“Се фалат оти им бил капитален проект. Што мислите, 5 или 6 см е слојот асфалт на патот Кадино село – Галичани? И, не знам кого лажете дека го асфалтирате патот?! Патот го реконструирате. Затоа што се што е направено, треба да се оддржува. Или пак толку знаете?! Оти кај сте неработници, не сакате од пуста суета ни да научите. Жителите на овие села и жителите на цела општина Прилеп не можете да ги лажете, а ако е целта сами себе да си се замајувате, продолжете! Затоа што со оваа дебелина на турениот слој асфалт, дупките и оштетувањата за месец до два, повторно ќе се појават! За капитален проект треба работа. А со СДСМ, не само сега со оваа најнеспособна и најкриминална власт, туку и во минатото, Македонија за капитален проект не знае”, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.