Cyгapecки ocтaнa eдинcтвeн од CДCM Пpилеп што pacпyка по Бyгapите: Дpyгите молчат и чекaaт фyнкции?

Додека неговите сограѓани поранешни и актуелни функционери молчат, екс министерот за транспорт и врски од Прилеп, Горан Сугарески постојано ги напаѓа бугарските политики.

“Првата блокада од соседна Бугарија потврди дека политиките на официјална Софија зависат и ги диктираат Каракачанов и нему сличните! Многу трагично и погрешно!

Особено за земја членка на ЕУ и НАТО! Таквите “сонувачи” само преку ширење заблуди и лаги за македонскиот идентитет и историја, сеуште можат да опстојуваат во бугарската политика. Ние кабает немаме!

Дипломатски мудро не реагиравме остро на последните подмолни провокации од бугарските “сонувачи”, за да ги изнесеме работите на чистина. Се виде кој го крши договорот за добрососедство!

Сега ЕУ како сојуз кој почива на вредности и принципи е на потег! Ние сме биле, сме и ќе останеме македонци кои зборуваат македонски јазик од памти век, секогаш сме на вистинската страна и нема да дозволиме да ни биде одземена националната гордост со ретуширање на историјата!”, пишува Сугарески во еден од неговите последни статуси на Фејсбук.

Во друг статус Сугарески вели:

“Смешни се овие изјавиве на поедини бугарски политичари дека сме имале територијални претензии кон Бугарија. Алоо, Македонската влада потпиша договор за пријателство со Бугарија. А ако на некој му смета тоа што сме Македонци и зборуваме Македонски јазик и со тоа е бетониран Македонскиот идентитет, е тоа е негов проблем”.

Подолу на неговиот Фејсбук профил, Сугарески пишува:

“Македонскиот идентитет одамна е затворено прашање, регистриран во нашата лична карта во ООН! Се друго е чита политика наменета за внатрешна употреба! Но, да бидеме на чисто! Никој, ама баш никој во светот не може да ни го одземе нашето право да сме свои на своето. Македонци сме кои зборуваат Македонски јазик! Универзалното демократско право на самопределување е цивилизациска придобивка за секоја нација утврдена со Повелбата на ООН. Гоце Делчев е нераскинлив дел од Македонската историја и не случајно неговите мошти се пренесени во црквата “Свети Спас” во Скопје. Гоце по своите убедувања бил Европеец далеку пред формирањето на ЕУ. Искрено жалам што Бугарија не го следи неговиот патоказ! Секој обид со политички диктат да се влијае врз работата на историчарите кои треба да најдат решение за разликите од минатото е контрапродуктивен и не е во духот на добрососедските односи”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.