Харалампија Цветаноски Рампе е човек кој ретко некој не го знае во Прилеп. Неодамна ја издаде својата книга “Решив да ја кажам вистината”, во која пишува за прогонот врз неговото семејство во минатото, но и за македонската историја и револуционерна борба.
Цветаноски е во десеттата деценија од животот, но сеуште поседува виталност и енергија. Тој е осуден во време на поранешниот систем на управување кога се залагал за независност на Македонија.
Повеќе за него слушнете во прилогот на новинарката Каролина Дурло: