Директорот на Царина, Горан Сугарески доби плакета од министерот Оливер Спасовски за лична посветеност во борбата со пандемијата предизвикана од Koвид-19.
“Со особено задоволство ја примив плакетата за лична посветеност во борбата со пандемијата Ковид 19, успешна реализација на целите од заеднички интерес во заштитата на јавното здравје и безбедноста на граѓаните која ми беше доделена од страна на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод 7ми Мај, Денот на македонската полиција”, напиша Сугарески на ФБ.