Cyгapecки бpyтално пpaвно ги “опиcмени” Бyгapите?

Реакција на директорот на царинската управа, Горан Сугарески, во врска со бугарските книги кои беа задржани на граница

Во врска со пратката од над 1000 книги (920 нови и 250 стари) каде како примач на донацијата се јавува Културно информационен центар на Република Бугарија во Скопје, ве информираме за следното: ?

Согласно Царинскиот закон предметите што се увезуваат, а имаат образовен, научен и културен карактер, согласно со прописот од членот 199 на овој закон, како и научни инструменти и апарати, како и нивни резервни делови кои се увезуваат во некомерцијални цели и кои не се произведуваат во Република Северна Македонија се ослободени од плаќање на увозни давачки.

За да може да се оствари ова право, пропишани се поблиски услови кои треба да бидат испoленти, а меѓу другото како што и самиот закон наведува да се од некомерцијална природа ( во случајот повеќе од 1000 книги) , односно стоката да е наменета како подарок. Во конкретниот случај кон барањето за ослободување беше приложен договор за подарок кој е потпишан само од едната страна, т, е од испраќачот на книгите, а не и од примачот што го прави договорот правно неважечки.

И порај тоа што царинскиот орган, преку Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, побара изјава дека пратката е наменета за Културно информациониот центар на Република Бугарија во Скопје, таква изјава не беше доставена ниту од Културно информациониот центар, ниту од Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.