Cyгаpecки: “Гpaдоначалникот ни е cyпер, Пpилеп се paзвива како никогаш?” (Видео)

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, заедно со градоначалникот, Илија Јованоски, и кандидатот за пратеник, Миле Талевски, во текот на вчерашниот ден вршеа контрола на асфалтирање на просторот зад деветтокатницата во Прилеп.

Министерот Сугарески истакна дека во Прилеп се случува сериозна градежна офанзива.

„Македонската Влада, ресорното Министерство за транспорт и врски, заедно со јавните претпријатија и општините, работат на огромен број на капитални проекти низ целата држава. Сакам да потенцирам дека оваа динамика, оваа сериозна градежна офанзива која се случува, не е само заради суштинско исполнување на владината програма или програмата на градоначалниците, туку е вистинска потреба за решавање на проблемите на граѓаните. Јас мора да го изразам своето задоволство и да им оддадам признание на градоначалникот Јованоски и локалната самоуправа, за сето она што го прават во интерес на граѓаните“, истакна министерот Сугарески.

Навистина е нејасно како министер на еден од најголемите ресори во државата се одлучува да врши контрола на асфалтирање на улички и поставување бекатон плочки.

Во поглед пак на инфраструктурните објекти, граѓаните многу добро ги паметат спектакулатрните ветувања за изградба на затворен базен, две обиколници околу Прилеп, ново училиште, детска градинка, реконструкција на Старата чаршија, нов театар….

Особено граѓаните се сеќаваат дека градоначалникот на општина Прилеп и сопартиец на Сугарески, ветуваше намалување на сметките за вода за 20%, иако денеска прилепчани веќе една година плаќаат за 60% повисоки сметки за вода.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.