Нуркачкиот центар Амфора и Клубот за подводни дејности Охрид веќе 18 години традиционално на уникатен начин ги пречекуваат Hовата година и Божиќните празници со китење елка под вода.
Во услови на пандемија, за да нема групирање на повеќе нуркачи на едно место, беа формирани помали групи од 3-4 членови, кои нуркаа на три различни локации на Охридското Езеро: кај Заливот на коските, Трпејца и Свети Наум во изворите на Дрим.
-Им ја честитаме Новата Година 2021 на сите граѓани на Република Македонија, а како и секоја година па така и оваа, овој ден го посветуваме на децата со ретки болести со желба за подобро здравје и лесно надминување на потешкотиите – истакнуваат Јован Секулоски – претседател на НЦ Амфора и Горан Балевски, претседател на КПД Охрид.