„Се планира масовна вакцинација и во повеќе градови освен во Скопје, и тоа во објекти во: Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово, кои ќе ги покријат и околните градови. Денес имам состанок со градоначалниците и со директорите на здравствените домови за да видиме во кои објекти тоа ќе се спроведува и како ќе се органиизра медицинскиот персонал“, рече Филипче.
Тој најави дека на 28 април во Македонија треба да пристигнат сите 200 илјади кинески вакцини потврди денеска Венко Филипче, министерот за здравство.
Претходно, на 19 и на 26 април треба да пристигнат по 10 илјади вакцини од производителот „Фајзер“, вчера соопшти Филипче.
До вчера во Македонија имаше 30 илјади вакцинирани граѓани, а денеска почна вакцинацијата на лицата под 75 години.