Сите зборуваме, никој ништо не превзема и така со години, а Преспанското Езеро yмиpa секој ден и полека, но сигурно иcчeзнyва пред наши очи.
Нема никаков проект, никаква иницијатива за негово cпacyвање, а водата се повлекува буквално секој ден. Како вљубеници во Преспа и недопрената преспанска природа и воздух, еве на што наидовме вчера во преспанските излетнички места вчера:
Фотографиите се од Претор, едно од најпосетуваните излетнички места во минатото, а денеска да не се неколкуте ресторани кои се најпосетувани во викендите, местото целосно нема да постои.
Како што може да се види водата на езерото е повлечена повеќе од 10 метри. Глетката е страшна и жална! Тиња, полногравци, жаби, непријатна миризба покрај езерото…
Состојбата не е ништо поразлична ниту во останатите места. Крани веќе не е тоа што беше, за Асамати да не правиме муабет воопшто…таму веќе нема ниту вода.
Нешто подобро беше во Сливница, но и таму состојбата се влошува од ден во ден. Еве фотографии и од таму:
Се надеваме дека неколкуте угостители кои се трудат да функционираат во вакви услови, заедно со властите ќе направат нешто повеќе за Преспа и езерото, во спротивно ќе изумре еден цел еко систем.
Не сме стручни да кажеме зошто и како, но ДРЖАВО НАПРАВИ НЕШТО!