Српскиот имунолог Срѓан Јанковиќ кој зборуваше на темата кopoнавиpyc во утринската програма на една тамошна телевизија, нè претстави како лош пример во борбата со пандемиjaта.
“Растојанието е најважната мерка. Целта е да се интегрираат превентивни мерки во секојдневниот живот.
Се препорачува растојанието да биде метар, а по можност до 2 метри.
Свесни сме дека е тешко да се спречат контакти во вакви ситуации, но ако тие се драстично намалени или одржуваат оддалеченост, нема простор за поголеми жаришта”, вели тој и предупредува, ако постапиме како да нема вирус, не чека сценарио на Македнија.
Инаку, според најновите информации, вкупно 11.741 потврдени случаи на КОВИД 19 се регистрирани во Србија до 15 часот на 6 јуни 2020 година. Од последниот извештај, тестирани се примероци од 3.124 лица, од кои 74 се позитивни, 390 лица се хоспитализирани, додека на респиратор има 12 пациенти.