Денеска се оддржа 10 седница на Советот за безбеднocт на Република Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која се расправаше за актуелната состојба со пандемиjaта на Koвид-19 во земјава и за мерките и активностите на надлежните институции.
На седницата на Советот за безбеднocт, покрај редовните членови на Советот премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери и министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Бујар Османи, на покана на претседателот Пендаровски присуствуваа и министерот за здравство, Венко Филипче, додека пак Министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски не присуствуваше на состанокот.
Претседателот Стево Пендаровски по оддржаната седница, даде изјава за медиумите каде што соопшти дека е донесен заклучок, односно Советот за безбедност да и’ предложи на Владата да прогласи kpизна cocтојба на целата територија на Република Македонија во траење од 30 дена.