Попладнево на улицата “Јоска Јорданоски” пред старата општинска зграда се случила сообраќајна несреќа, во која пешак бил удрен од автомобил марка “Опел” со скопски регистарски ознаки.
Според информациите кои ги дознаваме од очевидци и од брзата помош од Прилеп, пешакот е на возраст од 37 години и поминал без посериозни повpeди.
Од сударот целосно била искршена шофершајбната на возилото.
Полицијата на лице место ги истражува последиците за настаната несреќа.