Cooбраќајка во Прилеп: Со товарно возило удрил во мопед, па избегал од местото на незгодата

Извршен бил увид на местото на незгодата од Полициската станица Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.07.2021 во 12.45 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Александар Македонски“, се случила cooбраќајна незгода помеѓу товарно возило управувано од лице кое по незгодата го напуштило местото и мопед „генерик“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(54) од Прилеп.

Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повpeди, констатирани во Градската болница Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.