„Членовите на СОНК разочарани од двојниот аршин на државата. Се исплаќаат бонуси во јавната администрација заради ,, зголемен обем на работа”во периодот на пандемијата. Ако некој имаше зголемен обем на работа, тоа се наставниците. Работа на далечина, работа со физичко присуство, комбинирана работа, двојна работа со две групи…… Срамота, буџетски пари има за се и сешто, дури и за селективен К-15, само за во образованието ( и градинките), науката и културата нема пари“-пишува претседателот на Синдикатот за образование, наука и кулатура на Фејсбук, Јаким Неделков.