Овој навивач на Швајцарија стана вистински хит, за време на натпреварот помеѓу неговата земја и Франција во осминафиналето на Европското првенство.
Видеото од неговите реакции на трибините го пренесоа сите медиуми, а искрените емоции и желбата за швајцарската репрезентација да победи, сега му донесоа вредни награди.
Швајцарска телевизија го пронајде Лука Лутенбах, а “Swiss Air” му понуди бесплатен лет за четвртфиналниот дуел помеѓу Швајцарија и Шпанија, која ќе се игра во петок во Русија.
Компанијата “Swiss Tourist Office” му понуди бесплатно летување после Европското првенство, со дестинација по негова желба, а друга компанија му понудила енергетски напитоци.