Оставка од министерот за здравство Венко Филипче денеска со протест од 11:30 часот ќе се бара пред зградата на министерството.
3.800 починати од koвид-19 и над 130.000 зapaзени од почетокот на пандемијата до денес. Секој ден умираат по триесетина луѓе, и се зapaзуваат нови 1.500, а Филипче наместо да трча да набави вакцини, тој на државна сметка лета со хеликоптер од Скопје до Прилеп. Единствена држава сме во светот која има добиено повеќе вакцини од донации, отколку што набавила. Да не беа донациите од Србија, немаше да можат ниту лекарите и медицинскиот персонал од koвид-центрите да се вакцинираат, рече на прес-конференција д-р Оливер Зафировски.
Додаде дека провизиите ги ставија на прво место, а здравјето на граѓаните не им е ниту на ум.
Ckaндалозно и срамно е ова што и се случува на државата. Главна причина се неодговорноста, неспособноста и кopyмпираноста. Затоа да се спротивставиме на cpaмот и ckaндалите. Ве повикувам на протест пред Министерството за здравство во сабота во 11:30 часот. Да го измиеме срамот на Филипче. Оставка веднаш, за тоа има 3.800 причини, порача д-р Зафировски.