Coпpyгата на Апavиев: Moeто дете има 2,5 години и yште го дojaм и во jaвнocт, свpтете глава ако не ви чини

Во државава, многу жени се противници на доење на детето во јавност?! Не било убава глетка?! Дома да си седеле?! А не им пречат децата што просат на улица или ѓубриштето расфрлано насекаде или исеченото зеленило и бетонот. За тоа, не коментираат. Тоа им е таман глетка, запраша на Фејсбук Тамара Јованов, сопруга на лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

„А и не е толку чудно, кога ќе видиш дека мизогинијата во голем дел произлегува од нив.

Со тој памет, добро е што и дотука сме стигнале ко држава!

Пс. За таквите, поздрав од мене и моето дете – има 2,5 години и уште го дојам (и во јавност). Свртете глава ако не ви чини глетката“, напиша Јованов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.