Американскиот претседател Доналд Трамп, во текот на ноќта нареди напади врз Сирија, веднаш потоа започна заедничка акција на која се приклучија САД и Велика Британија, додека според последните информации лиферувани во светските медиуми, нападот врз Сирија е поддржан и поздравен од Турција.
Русија: Сирија собори 12 ракети
Руската војска соопшти дека сириските системи за воздушна одбрана ги собориле сите 12 ракети кои ја гаѓале сириската воздушна база во Думаир, источно од Дамаск.
Руското министерство за одбрана наведе дека американски, британски и француски бродови испалиле вкупно повеќе од 100 крстосувачки ракети воздух- земја, јави АП. Руското министерство не наведе колкав е вкупниот број на ракети пресретнат од сириските сили.
„Нападите нема да бидат повторени“
САД тврди дека сите проектили биле прецизно насочени, дека некоие се пренасочени, дека нема жртви, туку само повредени и дека материјалните штети не се големи, пренесе CNN.
Сирија тврди дека повеќето американски ракети се соборени со системите „БУК“ и „Квадрат“.
Турција го поддржала нападот
Турција ги поздрави воздушните удари вез сириската влада како „адекватен одговор“, наведуваат извори во турското министерство за надворешни работи.
-Ние како соодветен одговор ја гледаме операцијата која против сириската влада ја изведоа САД, Велика Британија и Франција, навел турски извор.