Од сигурни извори дознавме дека в.д Директорот на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ издаде наредба вработените во Одделението за максилофацијална хирургија на работни места стоматолози специјалисти по максилофацијална хирургија и орална хирургија, во текот на редовно работно време во смени и кога се приправни да ги згрижуваат повредените пациенти кои што ќе побараат здравствена услуга од областа на оториноларинтологија. Во издадената наредба се посочува дури доколку има непочитување на работни задачи опишани во наредбата од страна на вработените, ќе следуваат дисциплински мерки согласно позитивни прописи, пишува Курир.
Извор: kurir.mk