Сопственикот на познатиот локал во центарот на Прилеп, “Тhe Gallery House Pub”, кој неодамна беше затворен, откако комуналната инспекција од општина Прилеп го одзеде целиот инвентар во локалот, се јави со нов статус на Фејсбук насочен кон власта на СДСМ.
“Еве нов бисер од сегашната власт на СДСМ!!! Документите на суд ги фалсификувале во два наврати!! Прво дека опремата и столиците и масите се земени со записник и дека записникот е потпишан?!?! И то не од мене. А внатре цел персонал зае дека то не е сторено. И второ дека трето лице се потпишало дека ќе плаќа вода од фирмата (на фирмата е водата) на рати во 2017 година. Ниту лице се потпишало, ниту има такво нешто… Ајде терајте да видиме до кога, загрев. Со секоја една глупост се подалеку сте дека било кога ќе се вратите на власт уште еднаш во МК”, пишува Тркља во својот статус на Фејсбук.