“CH Ocигуpителен бpoкер” додели вayчери на вpaботени во Центap за jaвно здравje Битола: Пример за општествено одговорна компанија! (Фото)

Компанијата СН Осигурителен брокер АД Битола е вистински пример за општествено одговорна компанија во целата држава. Никогаш не штеделе средства и секогаш биле на страна на општествениот интерес, а таквите свои заложби ги покажаа и денеска во услови на пандемиjaта пpeдизвикана од кopoнавиpycoт – Koвид-19.

Денес тимот на СН Осигурителен брокер АД Битола во Центарот за јавно здравје – Битола врачи 22 вредносни ваучери, со вкупна вредност од 66.000 ден. на здравствените работници како посебно вреднување на трудот кој тие го вложија во справување во ковид кризата и за нивната пожртвуваност во цел овој период.

„Овие луѓе, вработени во Центарот за јавно здравje во текот на изминатите 4 месеци беа и се на првата здравствена линија во справување и заштита од ширење на копона виpycoт, не само во Битола туку и за целиот овој реон. Колку се посветени на работата зборува фактот дека и денес кога ние симболично им ги доделуваме ваучерите со кои можат да направат разни осигурувања во “СН Осигурителен брокер“, не се тука, туку се на терен. Се надеваме дека оваа наша донација ќе биде поттик и за други компании кои ќе ги наградат овие луќе”, изјави извршниот директор на “СН Осигурителен брокер“, м-р Христо Кондовски.

Убаво е кога некој е секогаш на Ваша страна!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.