Ceкoja чecт! Maкедонец ja понyди cвojaта кyќа за погодените од земjoтpecoт во Xpвaтcка: “Ќе платам и патни тpoшоци”

Разорните земjoтpecи кои изминатите два дена погодија неколку градови во Хрватска, одново го разбудија некогашното братство и единство кај народите од Балканот.

Помош за погодените семејства од градовите Петриња, Сисак, Глина и другите околни места стигнува од секаде, a еден Македонец ги освои симпатиите на сите, откако го понуди својот дом во Скопје.

“Ја нудам мојата куќа во Скопје (Македонија), за 8 лица во период од 6 месеци (предност имаат луѓето со мали деца), а подготвен сум да ги платам и патните трошоци. Кога јас бев во тешка ситуација, една личност од Хрватска многу ми помогна, тоа никогаш не можам да го заборавам. Бог нека биде со вас, браќа и сестри, нека ме контактираат сите заинтересирани во инбокс. Мислиме на вас, поздрав од Македонија” – напиша Денис.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.