Ce оглacи Aли Axмети: Еве што вика лидepoт на ДУИ за слyчувaњата во XAГ

По апсењата на неколку поранешни команданти на ОНА и нивно спроведување пред судот во Хаг, на социјалната мрежа Фејсбук се огласи лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Ахмети на својот профил напиша:

-Bojната која ја водеше ОНА беше вистинската вojна на албанската нација за слобода и правото на самоопределување, но исто така и за правда и владеење на правото, за демократско и кохезивно општество, ориентирано кон евро-американските вредности.

Убеден сум дека моите пријатели, моите колеги борци, ќе сведочат за праведната вojна на ОНА и ќе се вратат победнички, а притоа целосно ќе ги почитуваат владеењето на правото, домашната и меѓународната правда.

Знам дека јас и моите пријатели, доколку имавме уште еден живот и уште една шанса да се бориме за слобода и еднаквост, ќе го направиме тоа повторно бидејќи веруваме во правата на нашата нација.

Сите наши достигнувања овие децении се постигнати заедно со нашите меѓународни пријатели и заедно, почитувајќи ги вредностите прифатени од сите нас, ќе го завршиме нашето патување кон слободата, независноста, правдата и интеграцијата.

Владеењето на правото и вистинската неселективна правда се наши цели, и затоа им честитам на косовските лидери што одговорија на правдата на најдостоинствен начин и им посакувам брзо враќање на должностите кои ги чекаат.

Кликнете тука за да го прочитате целиот статус на профилот на Ахмети.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.