Ce дави ли Крушево во нечиcтотиja и cмeт? Жителите гнeвни на локалната влacт (Видео)

На Фејсбук деновиве кружат видеа од уништената природа во Крушево. Страшно голема количина на отпад има на местото викано Марково, кое се наоѓа во близина на поранешната кланица.

са

Според коментарите на крушевчани на социјалните мрежи, за жал ова место веќе е потенцијален извор на зapaза, а негрижата за природата е веќе во алармантна фаза.

Граѓаните ги повикуваат одговорните од општина Крушево да излезат на терен и итно да ја исчистат оваа дива депонија.

Исто така се повикуваат и надлежните од Министерството за екологија да извршат инспекции и да утврдат кој ја загадува природата во Крушево.

Во фотографиите се споделуваат се и овие од градот:

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, вчера на својот Фејсбук профил објави дека ги променувале старите контејнери.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.