Партијата на Љубчо Георгиевски упати жестоко соопштение кон владејачката СДСМ. Ако се има предвид дека е во коалиција, се поставува прашањето дали ВМРО-НП ќе ја напушти коалицијата со Заев.
Во целост ви го претставуваме нивното соопштение:
Во очи на предизборниот месец од пред три години се прашуваме каде запре целата работа која требаше уште во првата година да ги покаже своите први резултати.
Во „планот за живот во Македонија“ стои ветување дека во Македонија конечно ќе се реши проблемот со студентите со изградба на студентски град, кое беше проследено толку жестоко што студентите како засегната страна го препознаа овој предлог-проект и несомнено го поддржаа. Сите бевме сведоци како се ветуваше дека хорор домовите со прокиснати тавани, руинирани тоалети како и студените радијатори и лошите оброци кои останаа во наследство од владеењето на ДПМНЕ ќе заминат во историјата.
Она што денеска можеме да го забележиме покрај досегашното реновирање на мал дел од постоечките сместувачки капацитети во делот на мебелот, една читална и библиотека, како еден инфо клуб и редовните поправки како дел од хорор оставштината на ДПМНЕ во студентските домови ништо не е сменето. И покрај тоа што пред три години жестоко се критикуваше и ветуваше во исто време, дека во најбрз можен откако ќе победи СДСМ ќе бидат целосно реконструирани студентските домови „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“, такви чекори до денеска не се превземени, а да не зборуваме за отпочнување со изградба на некаков студентски град.
Логично е да се запрашаме, зошто едноставно не се исполни ова ветување односно зошто сеуште студентите и нивните услови во време кога се во полна употреба не се поставуват како приоритет на државната власт иако студентите очекуваа уште во првата година од новата Власт да се види некаков резултат од она што тие гласно го бараа, а СДСМ жестоко го вети, стои во соопштението на ВМРО-НП.