Caкaaт да не поделат – Bладиката Петap откpива: MПЦ е под голем пpитиcoк од бyгapcките влacти

Старата плоча не е скршена, туку е ставена нова и зад тоа стојат сите селани на селото Клепач. Тие сакале да испратат порака дека не се сложуваат со фалсификувањето на историјата од страна на Бугарија. Да, војводата Велко Скочивирчето или Скочивирски и осумте припадници на неговата чета загинале во борба со турски аскер во 1904 година, но тие не се бореле за обединување на Македонија со Бугарија, како што пишувало на споменикот, туку за самостојна Македонија. Споменикот бил поставен во периодот меѓу 1914-1918 година, за време на Првата светска војна, кога Бугарите го напишале тоа за „присоединување на Македонија кон Бугарија“. Но, сите селани на Клепач едногласно одлучиле да ја сменат плочата и да го сменат тој дел од содржината, натаму таа да биде на македонски јазик, зашто меѓу загинатите имало и нивни денешни директни наследници.

Ова за Пресинг ТВ го изјави митрополитот Преспанско-пелагониски, владиката Петар, во чија епархија и надлежност припаѓа и црквата „Св.Архангел Михаил“ во селото клепач, по денешната негова средба со архиерејскиот намесник и парохискиот свештеник. Владиката Петар уште вели дека од медиумите слушнал дека во дворот на црквата имало некаков проблем.

Црквата „Св.Архангерл Михаил“ деновиве се најде во цетарот на вниманието поради последната протестна нота, што бугарското МНР ја испрати до нашето, а повод за тоа беше новопоставениот споменик посветен на војводата Велко Скочивирчето или Скочивирски и осумте припадници на неговата чета, кои загинале во борба со османлиски аскер. И за таа борба постојат два термина. Едниот, дека се случила во 1904, а според другиот во 1906 година.

Владиката Петар потенцира дека според Уставот, Црквата е одвоена од државата и државата, односно политиката нема право да се меша во црковните работи, исто како што Црквата нема право да се меша во државните.

-Ние сме веќе подолго време изложени на провокации и притисоци од страна на бугарски политичари, особено конзулите. Двајца од нив, се додека не им реков дека веќе не сакам да ми доаѓаат, ниту да им одам за да се видиме, си земаа слобода да не напаѓаат, на пример, околу промената на иконата „Св.Троица“, што се наоѓа во црквата „Св.Богородица“ во Битола, веденаш до Митрополијата. Таа беше неканонски поставена и одлучивме да ставиме нова икона, а тие со ујдурми, демек, е како сега икона ќе менувате, сакаа да не спречат во тоа, вели Владиката Петар.

Според него, целта на бугарските политичари е да ја прикажат црквата како своја и да кажат дека тоа население е бугарско, што нема врска со реалноста.

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.