Caмо 90 минyти ја делат Maкедониja од Eвpoпcко пpвенcтво: Цела нациja oчекува иcтopиja

Македонија вечерва го игра најважниот натпревар од своето осамостојување во кој победа над Грузија во Тбилиси ќе и донесе дебитантски настап на едно Европско фудбалско првенство.

Двата одиграни натпревари досега со Грузија завршија со резултат 1:1, но момците вечерва се мотитвирани и веруваат дека ќе ја израдуваат целата нација.

Во нашиот состав ќе изостанат Кире Ристески и Крсте Велкоски поради позитивен тест на Koвид-19, како и Енис Барди кој има проблеми со р’бетот. Неизвесен до самиот старт ќе биде и Аријан Адеми.

Натпреварот започнува со почеток од 18:00 часот на “Динамо арената” во Тбилиси.

Момци веруваме во вас!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.