Против реформата во образованието застанаа студентите по историја од Филозофскиот факултет. Со герила акција пред министерството побараа повлекување на новиот концепт.
“На најподмолен начин пробуваат да протуркаат нешто што нема да претставува модерна реформа, туку со слевањето на предметите едни во други ќе настане тотална деструкција на многу научни предмети, а пред се, на нешто што е државотворно за нас Македонците, а тоа е македонската историја”, рече Димитар Тодороски, пред камерата на ТВ “АЛФА”.