Cпpeма ли CДCM и понатамy кpaтeњe на плaтитe? Mиниcтepката вели тpeбало да има

Министерката за финансии, Нина Ангеловска на денешната прес конференција даде свој став на новинарско прашање за кратење на платите во јавната администрација, поради ситуацијата со корона вирусот во земјава.

„Сите треба да сносиме дел од товарот. Мислам дека треба да има намалување на платата во јавната администрација. Може да се каже дека луѓето од приватниот сектор се најпогодени, а од финансиски аспект веќе се спроведе кратење на платите“, истакна Ангеловска.

Економската активност во државава годинава ќе се намали за 3,4 проценти како последица од кризата со Ковид -19, а стапката на инфлација ќе има надолна ревизија и ќе изнесува 0,2 проценти, покажуваат денеска претставените проекции за економијата на Министерството за финансии според кои, оценува министерка Нина Ангеловска, засега работите се одвиваат подобро од очекувањата со попретпазливото сценарио на овој ресор за справување со кризата.

Реализацијата на Буџетот покажува дека во април годинава се остварени буџетски приходи од 14,2 милијарди денари, што претставува пад од 20 проценти споредено со април лани. Даночните приходи во април изнесуваат 7,2 милијарди денари и се намалени за 31 процент споредено со април лани, а се реализирани придонеси од 5,5 милијарди денари, на исто ниво со ланскиот период. Реализиацијата на другите буџетски приходи (неданочни, капитални и донации) изнесува околу 1,5 милијарди денари и кај нив има пад од 20 проценти на годишна основа.

“Основното сценарио на Министерството за финансии предвидува забавување на економската активност за -3,4 процент со тоа што ефектите од корона кризата врз економијата, се очекува да бидат најголеми во второто тримесечје, во третото се очекува забавување на контракцијата, додека во четвртото закрепнување на економијата и раст”, рече денеска на прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.