Cкaпа вода за пиење тече по улици, а се одделиja oкoлy 300 000 евpа за пapтиcки вpaботyвaњa? (Видео)

Пивка вода тeчe низ улиците на нaceленото мecто Подмол во прилепcко

Граѓани од прилепското населено место Подмол на социјалните мрежи информираат дека поради дефект на водоводната мрежа, голема количина на пивка вода тече по улиците.

Велат дека дефектот повеќе пати е пријавен во ЈКП Водовод и канализација и досега нема дојдено екипа да го санира дефектот.

Тие велат дека водата им влегува и во дворовите и се плашат дека доколку не се санира дефектот ќе се соочат со недостиг на вода за пиење.

Едно од главните ветувања со кои актуелниот градоначалник Илија Јованоски дојде на власт, беше ветувањето за намалување на сметките за вода за 20%.

Но, наместо исполнување на ветувањето, прилепчани од март минатата година плаќаат за 60% повисоки сметки за вода.

Пред извесно време, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник, Петар Ристески, на прес конференција посочи дека во време на вонредна состојба и пандемија, ЈКП Водовод и канализација склучило договор за времени вработувања во вредност од 17.700.000 денари, или 287.805 евра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.