По известување од Министерството за образование до директорите на училиштата во државата, свидетелствата за учениците треба да се изработат согласно промените на Уставот.
Во мејлот испратен од Сафет Незири стои:
“Почитувани директори,
Ве известуваме дека при пополнување на сведетелствата во вашите училишта ќе треба да постапувате согласно измените на Уставот, во делот на државјанство да се наведе “македонско/граѓанин на Република Северна Македонија”. Додека во училиштата каде се изведува настава и на албански јазик, делот за државјанство треба да гласи: e Maqedonise/qyetar i Republikes se Maqedonise se Veriut”.
Оваа скандалозна одлука вчера беше дискутирана и нотифицирана од пратениците Ласовска Благица и Димитар Стевананџија. Ова е скандал што зема страшни размери. Огромни се реакциите на родителите, кои неофицијално најавуваат дека ќе ги враќаат сведителствата назад во училиштата? Тие не сакаат и покрај инсистирањата и заканите во графата родени да стои во Северна Македонија, бидејќи сите тие дечиња се родени во Република МАКЕДОНИЈА.