СДСМ ќе ја даде најдобрата понуда за граѓаните на Куманово на овие локални избори, а името на кандидатот и советничката листа ќе бидат објавени наскоро – велат од Центарот за комуникации на СДСМ, откако денеска актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски поднесе кандидатура за независен кандидат.
-Потегот на Димитриевски го олеснува изборот на граѓаните. Тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите на демократската и прогресивната опција, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци.
За СДСМ, интересот на граѓаните на Куманово бил и секогаш ќе биде пред интересот на Максим Димитриевски или бил чиј друг личен интерес – велат во соопштението на СДСМ.